Повторно несреќа на црната точка на патот Градско – Фариш
Повторно се случи сообраќајна несреќа на црната точка на патот Градско – Фариш дознава Инфомакс.
Имено возило излетало од патот пред малку, а во овој момент нема информации за повредени. Ова е трета несреќа на истото место откако е отворен патот.
Еден загинат, едно тешко повредено дете и повреден возач е билансот од трите сообраќајни несреќи што се случија во рок од само еден месец на новиот експресен пат Градско – Фариш.
Дополнително, во истиот период, регистрирано е и излетување на шлепер, поради што сообраќајот беше во прекин пет часа. Жителите од населбата Стопанство, која се наоѓа веднаш до критичниот свиок на исклучокот од патот, на влез кон автопатот за Скопје од правецот на Прилеп, велат дека бројот на несреќи е далеку поголем и стравуваат за својата безбедност, бидејќи возилата им влетуваат директно во дворовите.
„Не се само тие три несреќи. Најмалку десетина автомобили има излетано тука. Овие што полицијата ги кажува се поради тешките повреди, а другите минуваат со лесни. Проблемот е што колите и камионите, кога ќе излетаат со голема брзина, слетуваат во дворовите од нашите куќи. Ние стравуваме за нашите животи и животите на нашите деца. Кога спиеме, од кај да знаеме што ќе се случи“, велат загрижените жители.
Тие објаснуваат дека за проблемот со опасниот свиок алармирале кај надлежните уште додека се градел експресниот пат, но никој не ги послушал.
„И кога идеа министри и директори додека се градеше, реагиравме дека ќе има проблеми, му укажавме и на изведувачот ‘Штрабаг’. И сега реагираме, и до градоначалникот на Градско, и до надлежните да нè заштитат, но ништо. Последната несреќа беше пред седум дена, во недела на пладне, кога кола падна во двор. Децата наши видоа толку лоша слика, како тешко повредено дете се бори за живот пред нивни очи“, додаваат жителите.
Тие додаваат дека и заштитната метална ограда на патот е оштетена, со што сега немаат никаква заштита. Поради игнорантскиот однос на институциите, жителите најавуваат дека размислуваат да го блокираат патот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно несреќа на црната точка на патот…
Повторно се случи сообраќајна несреќа на црната…
Толку беше од Бунтурот: Ова е новиот…
Управниот одбор на Националната агенција за европски…
Клековски: Сите вработени со договор на дело…
Со посветеност на Владата сите вработени кои…
Во Киндер јајце му се паднале –…
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, жестоко ѝ…
Нема изгледи за зголемување на минималната плата,…
Разочарувачки вести за работниците по денешната седница…