Повторно одложено судењето на Мухамед Зеќири
Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ се одложи за 6-ти јуни, откако во Основниот кривичен суд денеска не дојде предвидениот сведок предложен од одбраната.
Бранителот Александар Трајковски, кажа дека сведокот Горан Анастасиевиќ од здравствени причини е спречен да се јави на денешното рочиште, по што судот, поради неисполнети законски претпоставки за одржување на расправата, го одложи рочиштето.
Поради истек на време и промена на членови на Судечкиот совет, судењето пред неполн месец започна од почеток.
Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.
На 9 април минатата година на Зеќири му беше одредена мерка притвор, која што поради здравствени причини во јуни годинава му беше заменета со домашен притвор.
Судскиот процес го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска. Истата судијка во моментов му суди и на поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…
Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…
Министерот за правда во Франција обвинет за…
Во Франција денеска почна судењето без преседан…
Доналд Трамп денеска во Њујорк сведочеше под…
Во судот немало камери, но новинарите известуваат…
Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци
Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…
Во Кривичен суд продолжува судењето за Ласкарци
Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…