Повторно падна вредноста на Биткоинот
Цената на биткоинот денеска падна под границата од 90.000 долари, што е нејзина најниска точка во повеќе од три месеци – од 18 ноември наваму. Аналитичарите последниот пад го објаснуваат со загриженоста за американските увозни царини и минатонеделното масовно хакирање на „Бајбит“, „тешко“ 1,5 милијарди долари, пишува „Баронс“.
Инвеститорите се загрижени поради знаците на економско забавување во САД, додека во исто време претседателот Доналд Трамп продолжува со плановите да воведе царина од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико почнувајќи од март. Овие фактори, заедно со хакирањето на „Бајбит“ и нестабилноста кај помалите криптовалути, го направија пазарот понеизвесен.
Биткоин загуби речиси 8% од вредноста во изминатата недела, а другите криптовалути претрпеа уште поголеми загуби. Популарните алткоини како Dogecoin, Solana и Cardano паднаа за околу 20%. Експертите велат дека пазарот веќе беше во кревка состојба, а хакирањето на „Бајбит“ ги влошило работите.
„Бајбит“, една од најголемите берзи за крипто-размена, потврди минатата недела дека хакери украле дигитални токени во вредност од околу 1,5 милијарди долари. Компанијата за истражување на блокчејн „Елиптик“ ова го нарече „најголемата позната кражба од било кој вид во историјата“. Вредноста на Етер, втората по големина криптовалута, исто така падна за 8,46%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вредноста на Биткоинот падна за 1,79 проценти
Вредноста на Биткоинот падна за 1,79 проценти…
Биткоинот благо падна на 95.285 евра
Вредноста на Биткоин благо падна за 0,53…
Историски скок на Биткоинот – достигна над…
Криптовалутата достигна ново историско ниво Биткоинот ја…
Биткоинот во голем пад
Вкупниот обем на тргување со Биткоин во…
Повторно падна вредноста на Биткоинот
Цената на биткоинот денеска падна под границата…