Повторно тензии: Нов протест на Србите во Северна Митровица!

t

Во Северна Митровица за денеска е најавен протест на косовските Срби против одлуката на властите во Приштина да ја забранат употребата на српскиот динар како готовинско платежно средство во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Протестот го организира Здружението на пензионери од Северна Митровица, а го поддржува најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), која ги повика Србите од цело Косово да се приклучат на протестот, со цел, како што порача, да се спротивстават на „одлуката на режимот во Приштина да се укине динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ“ во Косово.

-Српска листа го поддржува најавениот мирен протест на граѓаните во Косовска Митровица, кој го најави здружението на пензионери, а воедно ги повикуваме сите наши граѓани од Косово и Метохија да учествуваат на овој демократски протест во понеделник, 12 февруари во 12:00 часот, а против одлуката на режимот во Приштина се укинат динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ, од апсењето на нашите невини сограѓани, милитаризацијата на северот, до бруталниот упад на косовските специјални сили во просториите на српските институции, се вели во соопштението на СЛ.

Според таа партија, која е отворено поддржана од официјален Белград, масовното присуство на граѓаните од српска националност на протестот е „исклучително важно“, за да ѝ се покаже на Приштина дека Србите се спротивставуваат на тие „антисрпски одлуки“ и дека сакаат „да живеат во мир на своите вековни огништа“.

На намерата на Владата на Албин Курти да почне со спроведувањето на одлуката за забрана на динарот се спротивставија и САД и Европската унија, кои не го негираат уставното право на Приштина да го воведе еврото како единствено платежно средство во државата, меѓутоа бараат подолг транзициски период, со цел да не се влијае на економската благосостојба на српското малцинство, кое во голем дел користи средства од Србија кои досега им се исплаќаа во динари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…

Фејсбук „војна“ меѓу Пацоли и советникот на…

Пацоли во саботата рече дека шефот на…