Погребот на Панчо ќе се одржи утре на гробиштата во Бутел

t

Погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот на групата ДНК, кој почина по седум месеци лекување во „Систина“ по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, ќе се одржи утре, 16 октомври, на гробиштата во Бутел, со почеток во 13:30 часот.

Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде во 9:00 часот ќе започне Заупокоена литургија. Граѓаните ќе можат да изразат сочувство од 10:00 до 12:00 часот, а опелото ќе започне во 12:00 часот.

Панчо беше еден од основачите и фронтмен на дуото ДНК, кое остави значителен белег на македонската музичка сцена со хитовите „Пешки го поминав светот“, „Говори ми нешто за љубовта“ и други. По трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 64 лица, а над 200 беа повредени, Панчо седум месеци се лекуваше од тешките изгореници, но за жал, не ја извојува битката за живот. Неговата смрт ја потресе јавноста и музичката сцена во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погребот на Панчо ќе се одржи утре…

Погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот…

(Видео) “Или си СДСМ или не си”:…

Прашан на прес-конференција што мисли за фотографиите…

Уште една предизборна измама: Страницата на кандидатот…

Излегуваат на виделина нови докази дека кандидатот…

Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина

Ние како држава сме подготвени да продолжиме…

Мојсоска: Ја срушија куќата на Малески, а…

*Фејсбук статус на кандидатката за градоначалничка на…