Подготвувале конфликт?! Таткото на шефот на изборната кампања на ВЛЕН уапсен за шпионажа со БИА!
Косовската полиција на 05.06 годинава во акција заедно со Косовската разузнавачка агенција уапси две лица осомничени за шпионажа кај Српската разузнавачка агенција (БИА).
Еден од нив е Бедри Шабани од Феризај, кој работел во царината на Косово.
Перископ дознава дека Шабани е татко на новинарот Зекирја Шабани, кој е сопственик на порталот „Факте плус“, додека до лани бил уредник и во телевизијата АТВ.
Сега е автор и модератор на емисијата „Некаде на Косово“, која се емитува на истата телевизија.
Зекирја Шабани беше доста активен во изборната кампања на Северна Македонија, за поддршка на ВЛЕН.
Тој ја подготвуваше изборната кампања за Африм Гаши, кој беше избран за претседател на Собранието на Македонија, пишува „Коха“.
За апсењето на Бедри Шабани, преку објава на Фејсбук реагираше и косовската царина, која објави дека тој ја напуштил функцијата во Царината во 2004 година.
Според соопштението, разрешувањето на Шабани е поради прекршување на Косовскиот царински кодекс на однесување, поврзано со неовластени комуникации со медиумите.
„Приштина, 05.06.2024 година, во врска со апсењето на две лица денеска во Урошевац под сомнение за шпионски активности, косовската царина го појаснува мислењето дека лицето цитирано со иницијали Б.Ш. беше разрешен од функцијата во Косовската царина пред 20 години, поточно на почетокот на 2004 година. Неговото разрешување беше поради прекршување на Кодексот на однесување на косовската царина, поврзано со неовластени комуникации со масовни медиуми. Од неговото разрешување, дотичниот нема врска со косовската царина“, се наведува во соопштението.
Дел од разговорот на Шабани со претставник на БИА е снимен и објавен на Твитер.
Слушнете го разговорот во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…
Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…