Подготвува ли контраофанзива Киев, пред Путин и Трамп да седнат да преговараат за мир?

t

Конфликтот меѓу Русија и Украина дополнително се интензивира, и покрај малите индиции за потенцијални договори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и поранешниот и иден претседател на САД, Доналд Трамп.

Јасни показатели укажуваат на зголемена воена активност долж линиите на украинскиот фронт додека руската офанзива е сè посилна и покрај лошите временски услови на теренот. Руските вооружени сили продолжуваат со офанзивните операции на повеќе фронтови, без знаци на забавување, јавуваат светските агенции.

Извештаите сугерираат дека брзината на руското напредување е зголемена во последните недели, бидејќи украинската армија се повлекува од големи области на широк фронт.

Во исто време украинските сили стравуваат дека руските трупи се приближуваат до последните утврдени одбранбени линии пред Дњепропетровск, стратешки регион со значителен простор за маневрирање.

Божиќна украинска офанзива?
Од друга страна засега е нејасен одговорот на Украина на овие напредувања на руската армија на теренот. Според многу западни извештаи многу веројатно е дека Киев подготвува контраофанзива и тоа за Божиќ со која Украина уште еднаш би направила изненадување на теренот како Курск а со тоа би обезбедила подобри позиции на евентуалните мировни преговори.

Но она што е интересно е дека украинската влада, предводена од претседателот Володимир Зеленски, активно се противи на можните мировни преговори.

Украинските сили го интензивираа таргетирањето на високи руски функционери зад сцената. Зеленски јавно ги отфрла преговорите и бара поголема воена поддршка од европските сојузници.

Додека некои европски лидери предлагаат распоредување на нивните војници во Украина како „мировници“, Москва не прави разлика меѓу нивните намери.

Западот не запира со вооружување на Киев

Исто така Киев добива зголемена западна воена поддршка. Западните земји периодов ја зголемија испораката на воена опрема за Украина. Во текот на изминатите месеци, забележан е значителен број на транспорт на оклопни возила низ Европа:

Дополнително, три дански авиони Ф-16 пристигнаа во Полска, со што нивниот вкупен број достигна 34 авиони. Ова им обезбедува на украинските воздухопловни сили најмалку една ескадрила од авиони Ф-16 подготвени за активна борба.

Украинско складирање на ракети на НАТО
Иако извршија неколку ограничени напади со ракетите АТАКМС и „Сторм шадоу“, украинските сили внимателно ги чуваат своите резерви на НАТО. Исто така, во одредени правци е намален интензитетот на украинското артилериско гранатирање и напади со беспилотни летала, наведува порталот Оружје-онлајн.

Масовна мобилизација на војници во Источна Украина
Од Западна Украина пристигнуваат извештаи за големо движење на резервните единици кон Исток. До десет механизирани и јуришни бригади се распоредени долж границата со руските региони Брјанск и Курск, се дел од извештаите кои се публикуваат периодот на социјалните мрежи. Преместени се и дополнителни баталјони и единици за беспилотни летала, а во регионот на Черниговски забележани се и украински оклопни возила со бели квадратни тактички ознаки.

Потенцијална украинска контраофанзива на руска територија
Во меѓувреме аналитичарите сметаат дека Украина планира нова контраофанзива во наредните недели, која би можела да биде насочена кон руска територија. Овој потег може да биде обид на Украина да ја зајакне својата преговарачка позиција пред инаугурацијата на Трамп и почетокот на неговиот мировен план. Сето говори дека во позадина на растечките тензии на теренот сепак стратешките цели во сенка се силни.

Според многумина стратегијата на Украина е насочена кон заземање клучни територии пред да влезе во какви било мировни преговори. Со оглед на постојаната ескалација на конфликтот, се чини дека двете страни очекуваат продолжена воена конфронтација и во годината што следи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за приведувањето на синот на високиот…

Приведен е син на поранешен висок функционер…

Група деца со пиротехника оштетиле автомобил во…

Група малолетници пред два дена во Центар,…

„Не видов“: Македонец се правел „наудрен“ кога…

Македонски граѓанин чија етничка припадност не се…

Медведев им даде идеја на Трамп и…

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…

Почина Џими Картер, поранешен американски претседател

Џими Картер, скромен земјоделец од Џорџија, кој…