Поддржувачите на Навални ги повикуваат Русите на граѓанска непослушност

Движењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој отслужува затворска казна во Русија, ги повика Русите на кампања за граѓанска непослушност во знак на протест против руската инвазија на Украина, пренесува Хина.
– Путин и објави војна на Украина и се обидува да ги натера сите да мислат дека Украина е нападната од Русија, односно од сите нас. Но, тоа не е така, напишаа соработниците на Навални на нивниот Твитер профил.
– Мораме да покажеме дека не ја поддржуваме војната. Ги повикуваме Русите на граѓанска непослушност. Не молчете, нагласија тие.
Најмалку 413 лица беа уапсени за време на вчерашниот протест против војната во Украина, информира организацијата за граѓански права ОВД-Инфо, со што вкупниот број уапсени од почетокот на демонстрациите во четвртокот достигна 6.440.
Приближно половина од уапсените, 3.126, се приведени за време на протестите во Москва, додека 2.084 апсења биле регистрирани во Санкт Петербург, соопшти синоќа ОВД-Инфо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…
Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…
Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…