Поддршката за членство на Србија во ЕУ падна под 50%: 48% сметаат дека земјата треба да се откаже од преговорите
Членството на Србија во Европската унија го поддржуваат 46 отсто од граѓаните во земјата, 37 отсто од испитаниците се против, додека 17 отсто не можеле да го кажат своето мислење, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење спроведено од Институтот за европски прашања, објави српска “Политика”.
Според ова истражување, доколку утре се одржи референдум за членство на Србија во ЕУ, 44 отсто од граѓаните се изјасниле дека би гласале „за“ пристапување, а 30 отсто од полнолетните граѓани би гласале против членството, додека 10 отсто би биле воздржани.
Речиси половина од испитаниците, односно 48 отсто, сметаат дека Србија не треба да се откаже од членството во ЕУ, додека 33 отсто го мислат спротивното, а 19 отсто немаат став по тоа прашање, соопшти Институтот.
Меѓу испитаниците кои го поддржуваат пристапувањето во ЕУ, мнозинството се на возраст од 45 до 59 години.
Три петини од испитаниците сметаат дека Србија има корист од соработката со Европската унија.
Од институтот наведуваат дека меѓу нив има значително повеќе мажи отколку жени, како и жители на урбани средини во споредба со неурбаните.
23 отсто не гледаат никаков бенефит од оваа соработка, заедно со 17 отсто од оние кои не знаеле да одговорат на ова прашање и меѓу кои преовладуваат жените.
На скала од 1 до 5, каде просечната оценка е 3, просечната оценка на односите меѓу Србија и ЕУ од граѓаните е 2,79, што претставува благо намалување во однос на март 2022 година, кога беше 2,85, покажуваат резултатите од истражувањето…
Од граѓаните на Србија, 44 отсто ги оцениле односите меѓу Србија и ЕУ со 3.
Постарите граѓани (60+) почесто го оценуваат овој однос негативно во споредба со другите возрасни групи, додека младите (18-29) дадоа повисока просечна оцена во однос на вкупниот примерок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…