Поддршка за српските студенти кои протестираат стигна и од професори од Косово

t

И повеќе од 370 професори на Универзитетот во Косовска Митровица потпишаа за поддршка на студентите кои протестираат ширум Србија, пренесува Н1.

На северот на Косово, каде што е тешко да се крене критички глас, тоа го направиле речиси половина од професорите кои предаваат на српските факултети во Косово стои во објавата.

Четворица од нив први го кренаа гласот. А потоа следеше реакција на ректоратот кој се огради од нив, поддржувајќи го правото на слободно мислење, но и претседателот Вучиќ, како и државните органи во „зачувувањето на академската слобода“.

Ова предизвика нова реакција на професорите кои покренаа онлајн петиција за поддршка на студентите.

„Сметаме дека студентите низ нашата држава преку блокади ги изразуваат и бараат своите најосновни права и не само нивни, туку и наши. Впрочем, се борат за правниот тип на државата, за работата на институциите, бидејќи сведоци сме дека во многу одлуки што се случуваат овде се препознава корупција и неспособност“, вели Бранка Петковиќ, професорка во ПМФ, Косовска Митровица.

Иако студентите во Косовска Митровица не се приклучија на блокадите, оваа поддршка е многу значајна, смета граѓанскиот активист Александар Шљука.

„Тука има дополнителен притисок врз луѓето кои се критички настроени кон властите во Србија, знаеме дека е присутен и во Србија, но тука има одредени специфичности. Знаеме колку е тешко во овие услови да се крене гласот против власта, да се биде критичен кон неа, да се поддржат некои луѓе кои се залагаат за нешто што власта го третира како закана“, вели Александар Шљука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…

Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…

Франс прес за протестите во Македонија и…

„Од улиците на Белград во Србија до…

„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…

Не сме дел од никаква група за…

Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…

Уневрзитетскиот клинички центар Србија ја соопшти најновата…

Д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за…