Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори
До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември.
Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите.
Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од ВРЕДИ за постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 2034, 2033, 2032, 2035, 2034, 2033, 2032, 2035 во Брвеница. Во оваа општина во вториот круг од изборите победи Јовица Илиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со 4.374 гласа, додека Рамадани освои 4.224 гласа.
Коалицијата „Твоја Македонија“ поднела десет приговори за избирачките места 2956, 2971/1, 2973, 2959/1, 2955, 2956/1, 2959, 2961/1, 2961, 2971 во Шуто Оризари.
И Сојузот на Ромите има поднесено приговори за Шуто Оризари и тоа за гласачките места 2966, 2962 и 2961.
Во оваа општина во вториот круг од изборите победи Курто Дудуш од Унијата на Ромите со 3.894 гласови, а Ерџан Демир поддржан од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 3.406 гласа.
Коалицијата „Искуство за успех“ која го поддржуваше Стевчо Јакимовски за гласањето во Карпош поднела приговори за сумирање и утврдување на резултатите за избирачките места 2631 и 2613.
Во Карпош победи кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Сотир Лукровски со 13.512 гласови, додека Јакимовски освои 12.378 гласови.
Според информациите од ДИК, седница за одлучување за приговорите најверојатно ќе се одржи утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот…
До денеска претпладне до Државната изборна комисија…
НАЈАВЕН ПРЕС ВО СДСМ: Во 12 часот…
Ве известуваме дека денеска, 05.11.2025 година (среда)…
Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот…
Менуваме и адаптираме законско решение за решавање…
Уапсен е битолчанец – со „јагуар“ кон…
МВР информира дека вчера во 16:04 часот…
Поради поголем пламен и отпаднати делови од…
Поради поголем пламен и отпаднати делови од…