Објавено на:

Поднесено обвинение за демнење против маж

t

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за две кривични дела – Демнење од член 144-а од Кривичниот законик, додека уште едно лице се гони за помагање при извршување на наведеното кривично дело.

Обвинетиот, во периодот од 26 февруари до 9 мај, повторено неовластено прогонувал, се мешал во личниот живот и настојувал да воспостави несакан контакт со двајца сопружници. Во критичниот период тој ги вознемирувал мажот и жената со повици, СМС пораки и пораки на телефонски апликации, ги фотографирал неовластено и им се заканувал дека ќе објави податоци за нив.

Откако го пријавиле, вториот обвинет му помогнал така што му ветил дека тој лично ќе влијае да не биде процесуирана кривичната пријава против првообвинетиот. Дополнително, против помагачот Основното јавно обвинителство Скопје веќе поднесе  обвинение и за кривично дело – Лажно претставување, бидејќи со цел да покаже влијание и моќ пред лицето пријавено за демнење, му се претставувал како полициски службеник, а во пораки споменувал имиња на полициски службеници и јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава против 66-годишник за демнење на…

Шеесет и шестгодишниот неготинец Љ. Т. добил…

Четврта пријава за лажен TOEFL сертификат од…

Продолжува сагата со лажни сертификати за познавање…

Синдикатот на полицијата во Македонија поднесе кривична…

Денес Синдикат на Полиција во Македонија -…

Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан…

МВР поднесе кривични пријави против две лица…

Кривична пријава за насилник од Битола, одреден…

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното…