Поднесено обвинение против дилер од Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 14 ноември, при претрес во домот на обвинетиот 39-годишен скопјанец во Бутел, беа пронајдени 23,55 грама психотропна супстанција – амфетамин и 0,85 грама наркотична дрога – марихуана, спакувани во помали полиетиленски пакувања и наменети за натамошна продажба. Освен ова, при претресот беше пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претрес во Охрид, приведен е дилер
На 08.08.2024 во 14.00 часот во Охрид,…
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер
На 19.07.2024 во 15.30 часот во Скопје,…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Тошковски – Јодер: Продлабочување на соработката со…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…