Поднесен обвинителен предлог против охриѓанецот кој го тепаше Христијан Пендиков
Обвинителството во Охрид поднесе Обвинителен предлог против охриѓанецот кој го претепа сограѓаниниот Христијан Пендиков, кој во моментот се наоѓа во Бугарија, откако обвини дека бил нападнат бидејќи се чувствувал како Бугарин.
-Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството.
-Обвинетиот, заедно со уште едно до овој момент непознато лице, од омраза поради националната и етничката припадност, тешко телесно повредиле еден оштетен.
На 19 јануари, во кафе бар во Охрид, обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон неговото возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди, појаснуваат од Обвинителството.
Од обвинителството велат и дека во текот на истражната постапка, сега обвинетиот се бранел со молчење, но додаваат дека сите околности биле проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видео надзорот.
-Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Охрид достави и посебен предлог за продолжување на притворската мерка за обвинетиот, бидејќи се уште постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.
Во меѓувреме, по насоки на јавниот обвинител, и натаму се преземаат дејствија за идентификација и лишување од слобода на другото лице инволвирано во настанот, додаваат од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато…
Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16…
Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…
Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…