Подобра казна здравје: Путин ги носи на фронтот осудените за убиства, педофили и останати тешки кривични дела!
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се овозможува мобилизација на Руси осудени за убиства, грабежи, подметнување пожари и трговија со дрога, други тешки кривични дела кои се квалификуваат како такви според Кривичниот законик на Руската Федерација.
Со тоа се овозможува мобилизација на стотици илјади лица кои се осудени на условна или неодамна ослободени од затвор и не можеле да војуваат според претходните законски одредби.
Единствената група криминалци кои се изземени од регулативата се оние кои извршиле сексуални злосторства врз малолетници, предавство, шпионажа или тероризам. Од новата одлука на Путин се исклучени и оние кои се осудени за обид за атентат врз владин функционер, киднапирање на авион, екстремистичка активност и незаконско ракување со нуклеарни материјали и радиоактивни материи.
Претседателот Владимир Путин во петокот рече дека Кремљ веќе има мобилизирано дополнителни 18.000 војници над целта од 300.000 мобилизирани да се борат во војната во Украина од општата машка популација на Русија.
Претходно оваа недела, руското Министерство за одбрана објави дека сите делумни активности за мобилизација, вклучително и доставување повици, се суспендирани откако официјални лица изјавија дека е исполнета целта за регрутирање од 300.000 мажи. Сепак, наредбата за делумна мобилизација на Путин ќе заврши само кога рускиот претседател ќе потпише официјален декрет. Затоа, мобилизацијата се уште е можна.
Шефот на озлогласените Вагнерови сили, Евгениј Пригожин, наводно ги поканил затворениците од руските затвори да се приклучат на групата платеници во војната на Кремљ во Украина. Но, амандманите на Путин не треба да се поврзани со овие наводни регрутации, бидејќи тие се однесуваат на затвореници кои биле осудени на условни казни или ослободени од затвор. Луѓето од оваа втора категорија обично треба да останат под надзор на властите од осум до десет години додека не се укине пресудата. Не смеат да го напуштат местото на живеење и мора да се придржуваат до различни ограничувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…