„Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај„ – 118 години од смртта на Даме Груев
На 23 декември во 1906 година во селото Смилево загина еден од најпознатите македонски револуционери, Дамјан Груев.
Заедно со Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Андон Димитров, Христо Батанџиев и Христо Татарчев ја основале Македонската револуционерна организација. Даме станал прв секретар на Централниот комитет. Од Солун заминал во Штип како главен учител во трикласно училиште. Тука првпат се сретнал со Гоце Делчев.
По враќањето во Солун бил училиштен инспектор. По разговорите во Софија со раководството на Врховниот комитет.
Османлиските власти го протерале во Битола (1898), каде што бил уапсен (август 1900) во врска со Попставревата афера и бил осуден на 10 години затвор.
Од затворот во Битола одржувал врски, давал инструкции и ја раководел месната организација. Бил префрлен од Битола (мај 1902) во затворот во Подрум-Кале во Мала Азија, каде што бил заедно со Христо Татарчев и Христо Матов. Во затворот останал 10 месеци (до март 1903). По амнестирањето се вратил во Македонија (во Смилево), а потоа заминал во Солун, каде што имал неколкудневна средба со Гоце Делчев, по прашањето за кревање на востание.
Даме одлуката за востанието ја прифатил како завршена работа и решен самиот да ја преземе фаталната одговорност. Оттука неговата изрека: Доста е, подобро ужасен крај, отколку ужас без крај!
Во 1906 година Даме преправен како селанец заминал за селото Коринте, таму стапил во контакт со својата чета и со неа заминал за Кукуш . Во градот, Даме ги посетил куќите на Бојаџиеви, Арапнакови, Влахови и груги . За да се зацврсти организациската мрежа во овој крај, Даме посетил повеќе места од Аматовското Блато до Дојранското Езеро.
Кај Аматовското Блато, Даме имал средба со америсканскиот писател Алберт Сониксен. Во Блатото останале неколку дена, а Сониксен направил и една заедничка фотографија на Даме и Сандо Китанов. За оваа фотографија Сониксен оишува: малку мислев тогаш, за вредноста што ќе ја има тој портрет за Македонците [83]. Во овој реон, Даме со својата чета бил опколен од аскер во селото Горно Порој, но успеале да се провлечат.
Додека престојувале во оваа област се наближувало времето за одржување на општиот конгрес. Во Софија, за 15 декември (стар стил) биле закажани подготвителни советувања и затоа Даме се упатил кон главниот град на Бугарија. Даме заедно со својата придружба ја минал Беласица упатувајќи се кон Малешевско. На 9 декември 1906 (стар стил) година тие пристигнале во селото Русиново.
Четата влегла во селото и заседнала во куќата на Димитар Р. Алаѓозов, но направила фатална грешка бидејќи не обезбедила стражари внатре и околу куќата. Надвор, Иван Белчев не направил ништо за заштита на околиската чета, а потоа се сокрил и не им помогнал на другарите. Во сплетот на несреќните околности во куќата на Алаѓозови влегле двајца Турци. Тие качувајќи се по скалите ги виделе низ отворената врата комитите кои живо разговарале во собата на горниот кат. Турците наместо да побегнат, се наместиле под скалите и отвориле оган. Прв слегол по скалата Сандо Китанов, но не бил погоден. По него се симнал Даме кој се здобил со рана во десната нога. Другите четници излегле на задната врата и тргнале нагоре кон плотовите. Четникот Ѓорѓи Поп Стојанов од с. Владимирово, којшто ја следел трагата на Китанов, правејќи обид да се префрли преку плотот бил погоден од два куршума. Тој бил првата жртва блиску до куќата.
Даме Груев и Ѓорѓи Карчов излегле надвор од селото со еден смел курир Григор Митов Крапев, кој за жал бил без оружје и не можел да им дава помош. По Дамета имало неколку потери на војски, а раната која крвавела оставала траги по пресниот снег на земјата. Стасале до југоисточната стрмнина на врвот Петлец, во месноста Валмето, кај Белите Камења. Тука се отворила борба, а Даме го отстранил курирот за да не стане и тој жртва.
Според зборовите на Русински, во крвавата битка прочуениот смилевски даскал, апостолот на македонската слобода Даме Груев, ја најде својата херојска смрт на 23 декември 1906 година. Следниот ден, на 24 декември турските воени власти наредиле убиените да се кренат од местото на погубувањето и да бидат погребани. Селаните ги погребале Даме Груев, Сандо Китанов, Ѓорѓи Карчов во еден гроб кај русинската црква. Телото на Ѓорѓи Поп Стојанов си го однеле во Владимирово.
Сопствениците на куќата во Русиново, Димитар Р. Алаѓозов и неговата жена Божана без да знаат што се случило во нивната куќа и што ги чека, биле пречекани пред куќата од разлутените заптии кои без да ги прашаат ги застрелале.
Во текот на истрагата, селаните изјавиле дека двајца од убиените не ги познавале и дека тие дошле од Солунско по комитска работа. Затоа воениот командант се посомневал дека станува збор за некој важен комитаџија. За точно утврдување на идентитетот на загинатите, валијата издал наредба за откопување и фотографирање на погребаните. Според Русински, откопувањето на телата било на третиот ден од Божиќ, а фотографирањето било направено од беровчанецот Гаврил Зографот.
Врз основа на фотографијата било утврдено дека станува збор за Даме и валијата Махмуд Шефкет паша, фотографијата ја претставил пред дипломатите во Солун. Еден примерок од фотографиојата добил српскиот конзул Владимир Љотиќ и истата таа фотографија ја испратил во Белград [89]. Врз основа на фотографијата претставена од валијата Махмуд, од страна на Алфред Рапорт била изработена една скица од ликот на починатиот Даме, а скицата подоцна се нашла на првата страница на неговата книга со наслов: Во земјата на мачениците. По утврдувањето на идентитетот на убиените, главниот инспектор Хусеин Хилми паша на 10 јануари 1907 година го известил Великото везирство дека меѓу убиените разбојници се наоѓал и Даме Груев, а дека останатите биле Сандо и Карчо од Кукуш.
Врз основа на извештајот на гласвниот инспектор како и врз порнешната понуда на власта од 1.000 лири за убиство на Даме, Големиот везир предложил до Военото министерство да се наградат сите војници и офицери кои придонеле за убиството на Даме. Меѓу другото во предлогот било посочено на јузбашијата Мехмед-ага да му се додели орден Меџидие од IV степен, на јузбашијата Абдулрахман Шукри и мулјазимот Закир ефенди да им се додели орден Османије од IV степен, а на тројца жандари и 14 војници да им се додели ореден Меџидие од V степен и по 5 лири.
Врз основа на овој предлог, османскиот воен министер Риза паша го известил Големото везирство дека султанот Абдул Хамид II издал наредба за доделување на ордените и парични награди за сите учесници во убиството на Даме и неговите придружници.
По создавањето на независната македонска национална држава, Даме е прогласен за македонски национален херој и симбол на Република Македонија. Неговото име се споменува во химната на Македонија – Денес над Македонија, голем број на училишта, улици, населби, невладини организации и здуженија го носат неговот име . Во Македонија, државните институции и бројни невладини здруженија организираат пригодни свечености на денот на неговото раѓање или загинување
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…