Подољак: На Украина и се потребни 300, а не само три – четири ракетни системи
На украинските власти ќе им требаат околу 300 системи на повеќецевни ракетни фрлачи од западните земји, изјави советникот во кабинетот на украинскиот претседател Зеленски, Михаил Подољак, за британскиот весник „Телеграф“.
Подољак додаде дека во моментов околу 90 отсто од загубите во борбите се предизвикани од руската артилерија, која е значително посупериорна во однос на украинската, пренесува агенцијата Тасс.
Претходно, британски „Тајмс“ објави дека Велика Британија ќе испрати три системи на повеќецевни ракетни фрлачи М270, барем како првична испорака.
САД, од своја страна, ќе испорачаат најмногу 10 вакви системи на Украина, наведува руската агенција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…
Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…