Подољак: Путин никому не простува
Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володомир Зеленски, го прокоментира загинувањето на шефот на платеничката војска Вагнер Евгениј Пригожин со пораката – Путин никому не му простува.
-Очигледно е дека Путин никому не простува за сопствениот ѕверски терор. Особено не на тој што го помножи со нула во јуни 2023. И го чекаше моментот. Очигледно е и дека Пригожин потпишал специјална смртна потерница за себе во моментот кога поверувал во бизарните „гаранции“ на Лукашенко и во исто толку апсурдниот „чесен збор“ на Путин. Демонстративната елиминација на Пригожин и командата на Вагнер два месеци по обидот за пуч е сигнал од Путин до руските елити пред изборите во 2024 година. „Пазете се! Нелојалноста е еднаква на смрт“. Но, тоа е и сигнал за руската војска: Нема да има „херои на СВО“. Ако тоа не е украински трибунал, ќе биде куршум на ФСБ (разузвувачката служба во Русија), напиша Подољак.
Пораката дојде откако руската државна телевизија потврди дека меѓу загинатите е и Пригожин, бидејќи се шпекулираше дека можеби тој е во вториот авион кој, според некои слетал, а според други кружи се уште над Москва…
Додека се чека соборците на Пригожин што се живи (загина и неговиот заменик во Вагнер) да излеезат со своја изјава за настанот, се јави и Гари Гаспаров, познат руски дисидент.
-Почивај во пеколот. Значи, воените лидери на Путин не можат да му веруваат, но многу западни политичари и експерти се сигурни дека можат да преговараат со Путин со добра волја за Украина. Идиоти, напиша Гаспаров.
Платениците на Пригожин веќе се заканија дека , доколку се потврди смртта на војската, ќе организираат втор „Марш на правдата“ до Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…