Поевтини струјата на берзите: Владата бара најдобри решенија за евтини енергенси

t

Македонската Влада прави напори за изнаоѓање на добри решениja за набавка на поевтини енергенси, информираат од Владата од каде додаваат дека цената на електричната енергија на берзата е намалена од 1000 на под 200 евра.

Еден мегават час електрична енергија со достава за денеска на берзата ИБЕКС во Софија чини 186 евра што е 46 отсто поевтино во споредба со пред една недела. Еден мегават час струја испорачан денеска на вчерашното тргување на берзата ХУПЕКС во Унгарија чини 189 евра и тоа е за 109 евра поевтино од цената што беше постигната на таа берза пред една недела.

– И во текот на оваа недела ќе разговараме, со цел да најдеме добро решение, особено за индустријата којашто го снабдува населението со основните прехранбени продукти, велат од Владата.

Вкупно за 611 илјади домаќинства е обезбедена електрична енергија од домашното производство на ЕСМ како и парно за 60 илјади потрошувачи во Скопје, премиерот Ковачевсски во неколку наврати повтори дека граѓаните треба да бидат спокојни и дека никој нема да биде оставен сам во кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…