Поевтинуваат горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,10 % во однос на одлуката од 24.02.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,069%, кај дизелот за 3,550%, кај екстра лесното масло е за 3,449% и кај мазутот намалувањето е за 3,527%.
Од 4.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,952 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.нМалопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,226 ден/кг и сега ќе изнесува 44,952 ден/кг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поевтинуваат горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Од полноќ поевтинуваат сите горива
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се…
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Нови цени на горивата од полноќ
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика,…