Поефтино ви е да летате: Од понеделник почнуваат со работа двете патарини на Миладиновци – Штип!
Од понеделник во 7 часот ќе бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип и обратно.
На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина.
-Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина, информира денеска Јавното претпријатие за државни патишта.
Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по седум наплатни кабини. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
80-годишник прегазен во Миладиновци
Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје…
Пожар меѓу Миладиновски и рафинеријата ОКТА: Интервенира…
Пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и Рафинерија…
Камион се заби во патарина пред Куманово
Камион се заби во наплатната станица „Романовце“…
Сообраќајка кај Миладиновци: Едно лице е тешко…
На 14.9.2022 во 15:30 часот во СВР…
Патарините поскапи од горивото: Илјадарка за да…
Македонија е една од земјите што се…