Пожарите во Македонија се гледаат од вселената
Големите пожари кои со денови беснеат на македонската територија се гледаат и на сателитските снимки.
Вчерашните снимки гo покажуваат чадот од пожарот од големи размери во источниот дел на Македонија, како и помалите во реонот на Македонски Брод кај резерватот Јасен, кај Пехчево и Кратово и во реонот на Старо Нагоричане.
Во вторникот имаше вкупно 66 пожари на отворен простор, од кои 12 беа активни, 3 се под контрола и 51 се изгаснати.
Општините Свети Николе, Пробиштип, Куманово, Штип и Старо Нагоричане беа зафатени од огнената стихија. Најлошо беше во областа на Свети Николе каде во понеделникот изгореа 40 куќи, а едно лице загина во пожарот во Кумановско.
Вчера ЦУК соопшти дека повторно е обезбедена меѓународна помош за гасење на пожарите преку ЕУ механизмот на цивилна заштита, по еден хеликоптер од Србија и Чешка и два ер-трактори од Германија кои треба да пристигнат и да се вклучат во гаснењето на пожарите.
Сателитската снимка којашто ја објавија бугарските медиуми покажува и два големи пожари на територијата на соседна Бугарија. Вчера напладне избувна пожар на Малешевска планина и зафати над 20.000 декари трева, грмушки, обработливо земјиште и шума. Видлив е и чадот од пожарот на бугарско-грчката граница во планината Славјанка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…