Пожарникарите во Црна Гора плачат од среќа – дождот ги изгасна големите пожари кои беснееја со денови
Ситуацијата во Црна Гора се смири по неколку дена катастрофални шумски пожари!
Силен дожд со поројни врнежи зафати многу подрачја и им помогна на пожарникарите. Речиси насекаде во Пипери падна дожд, освен на Риека Пиперска, каде што остана единственото активно жариште кое и понатаму се шири кон Дромири и Купини и уште подалеку во правец на Трмањ и Платија. Таму сè уште е суво.
Од Службата за заштита и спасување на главниот град прогласија победа над пожарите околу Подгорица.
– Заедно успеавме – наведоа од Службата за заштита и спасување.
Истовремено им се заблагодарија на сите граѓани, претпријатија, служби, војската и колегите пожарникари од цела Црна Гора, но и од странство.
– Ви благодариме за несебичноста, за секоја капка пот, за солзите и тагата, за грижата, поддршката и надежта. Благодариме за насмевката што ни ја упативте кога се гледавме очи в очи на теренот, за мавтањето додека поминувавме по патот, за сè што споделивте со нас во овие тешки денови. Вашата поддршка беше нашата сила да издржиме и да ја победиме огнената стихија – соопштија од Службата.
Се огласи и потпретседателот на Собранието на главниот град, Драгутин Вучиниќ.
– Пиперски Бротњик во овој момент е без оган! Благодарност до сите што учествуваа во гаснењето на пожарите во Пипери и низ цела Црна Гора. Голем поздрав од Поток – Пипери! Хеликоптерот си замина во база. Со среќа! Крај – рече Вучиниќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарникарите во Црна Гора плачат од среќа…
Ситуацијата во Црна Гора се смири по…
Захарова: Макрон лаже
Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека…
Тошковски апелира: Не наседнувајте на лажни повици…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во…
Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација…
Целта на разговорите во Вашингтон во понеделник…
Во напад во Газа убиени 42 лица,…
Во израелски напади изведени од раните утрински…