Пожарникарите со препораки и совети за избегнување пожар за претстојните празници
Во текот на претстојниот празничен период, ризикот од пожари во објектите се зголемува поради невнимателната употреба на празничните украси, од светла до свеќи и прскалки. Особено е важно да се нагласи дека новогодишните елки и разните пластични украси лесно горат, а огнот може брзо да се прошири на околниот мебел, соопштија денеска од ТППЕ Струмица.
Според пожарникарите, важно е да се следат нивните совети и препораки и да не се оставаат запалени свеќи без надзор, да не се користат неисправни светилки, да не се палат прскалки на елката, а доколку се појави пожар да се затворат вратите и прозорците за да се спречи ширење на чадот и топлината.
Во апелот се додава дека празничниот период се совпаѓа со грејната сезона, па затоа пожарникарите потенцираат дека треба одговорно однесување при отстранување на пепелта.
-Без оглед на ниските температури, ако времето е суво, врелата пепел во контакт со запаливи супстанции како што се картонска амбалажа, разни отпадни хартии и слично станува опасна причина за пожар. Имено, жарчињата од пепелта претставуваат потенцијален извор на палење до 24 часа по отстранувањето и затоа пепелта фрлете ја на одредено место или во метален сад и изгасете ја со вода по отстранувањето, советуваат струмичките пожарникари.
Апелираат до граѓаните да ги следат нивните совети за одговорно однесување и претстојната празнична сезона да помине безбедно и мирно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарникарите со препораки и совети за избегнување…
Во текот на претстојниот празничен период, ризикот…
Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите…
Куче било спасено синоќа од страна на…
Струмичките пожарникари добија преполовена плата!
Струмичките пожарникари, кои ова лето беа на…
Струмичките пожарникари за првпат добија 80.000 денари…
Во Струмица денеска е исплатена платата од…
(Видео) Кузеска: Нов скандал на Владата –…
Неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ освен што не…