Пожарот во Мариово е под контрола, но будно се следат евентуални жаришта
По осум дена е ставен под контрола големиот пожар во Мариово, но екипи остануваат на теренот поради опасноста од разгорување на жариштата. Таква ситуација имало ноќеска кај манастирот „Свети Никола“ во Прилепец каде контролираат 20 луѓе.
-Би рекол 99 проценти пожарот е под контрола, но внимаваме на жаришта да не се разгорат. Во ноќните часови се појави едно критично жариште кое се рашири кај манастирот на околу 300 до 400 метри. Со брза интервенција во раните утрински часови, тој дел е ставен под контрола и се чува да не дојде до негово возобновување, изјави Јован Аврамоски, инспектор за заштита и спасување при ДЗС.
Според Аврамоски, пожарот во Мариово е во категоријата катастрофални пожари, а големи размери зеде и се прошири во трите дена кога немаше воздушна поддршка. Опфати од 150 000 до 200 000 хектари, главно ниска вегетација и трева и огнена линија од 200 километри. Директните, посебно индиректните штети, еколошките, се големи.
-Не направи големи штети со шумите, изгорената трева ќе порасне. Со денови големиот број професионалци и од здруженија бранеа 10 до 15 села и објекти. Немаме зафатени црковни објекти, селата се спасени, но голема е еколошката штета, не само загадувањето туку тешко ќе оди обновата на земјиштето, рече Аврамоски.
Во осумте дена беа ангажирани повеќе од 1 200 луѓе, од кои 500 припадници на АРМ, 120 од ЕБР, 80 од ДЗС, од ЈП Национални шѓуми, ловочувари, од здруженија, пожарникари од повеќе градови.
Под контрола е и пожарот кај селата Дрен и Смолани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот во Мариово е под контрола, но…
По осум дена е ставен под контрола…
Овие луѓе трошат повеќе од што имаат
Некои секогаш успеваат да стават пари настрана,…
Вирусот на западнонилската треска никогаш поблиску до…
Националниот институт за јавно здравство на Косово…
Погледнете: Кои се клучни особини жените ги…
Кои се клучни особини кои жените ги…
Во наредните денови посвежо со дожд и…
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна…