Пожарот над селото Луке – Крушопек е локализиран, пет пожари се активни
По интервенцијата на надлежните институции, пожарот кој зафати подрачјето над селото Локе-Крушопек е локализиран, соопшти директорот на центарот за управување со кризи Мухамед Али.
Екипите остануваат на терен за следење на состојбата и обезбедување целосно гасење на сите жаришта.
На територијата на Р.С. Македонија до 19:00часот има вкупно 5 активни пожари на отворен простор и 15 се под контрола.
Активни: 5
1. Општина Долнени: с. Долгаец (мешана шума)
2. Општина Кавадарци: с. Кошани, с. Бегниште (ниска вегетација)
3. Општина Кавадарци: с. Фариш пред тунелите (ниска вегетација)
4. Општина Кочани: влезот кон Кочани (ниска вегетација)
5. Општина Делчево: гардска депонија (депонија)
Под контрола: 15
1. Општина Македонски Брод: повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
2. Општина Гевгелија: планината Кожуф (приземен пожар)
3. Општина Центар Жупа: Центар Жупа (ниска вегетација и шума)
4. Општина Старо Нагоричане: с. Магленце (ниска вегетација и шума)
5. Општина Пласница: с. Пласница (ниска вегетација)
6. Општина Чишиново-Облешево: меѓу селата Соколарци-Врбица-Буниште
7. Општина Битола: с. Балдоенци (ниска вегетација)
8. Општина Ресен: с. Асамати (ниска вегетација)
9. Општина Кривогаштани: с. Подвис (ниска вегетација и стрниште)
10. Општина Прилеп: кај манастир св. Архангел Михаил (ниска вегетација)
11. Општина Сарај: с. Крушопек, кон падините на Водно (ниска вегетација и мешана шума)
12. Општина Карпош: кај спортската сала Борис Трајковски (ниска вегетација)
13. Општина Гази Баба: с. Виниче и Црешево (ниска вегетација и мешана шума)
14. Општина Бутел: кај последна 57 (ниска вегетација)
15. Општина Гази Баба: с. Инџиково (трева и ниска вегетација)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот над селото Луке – Крушопек е…
По интервенцијата на надлежните институции, пожарот кој…
Три пожари се активни: Гори во Липково,…
На 18 август 2025 година, до 12:00…
Активни три, изгаснати дваесет и осум пожари…
На ден 12/13.08.2025 година, до 08:00 часот,…
Црна Гора бара меѓународна помош за гаснење…
Црна Гора бара меѓународна помош за гаснење…
Десет активни пожари до 18 часот, сѐ…
На ден 11.08.2025 година, до 18:00 часот,…