Пожарот на Галичица се шири и кон Охрид, апел за доброволци
Доброволците треба утрово да дојдат до планинарската куќа Спиридон (после црквичето Св. Ѓорѓија на Галичица накај Ресен од десна страна) со свој алат, мотика или гребло. Ајде да се собереме поголем број да си ја спасиме Галичица, се вели во апелот.
„Во изминатите 10 дена тимовите се обидуваа да го стават под контрола пожарот во високо планинските предели на над 2.000 мнв, каде пристапот е возможен само со пешачење од најмалку 2 часа, а во неколку наврати беа транспортирани и со хеликоптер на МВР. Големината на огнениот фронт, тешко пристапниот терен, неповолните временски услови како и големиот број на детонации од неексплодирани гранати, не дозволија локализација на пожарот во високата зона и полека истиот навлезе во буковите шуми на исток, запад и север“, вели Антонио Додевски од Планиснката спасителна служба.
Во Охрид вчеравечер се чувствуваше мирис на чад. Кампери од Љубаништа сведочат дека во текот на денот во Охридското Езеро имало саѓи и пепел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот на Галичица се шири и кон…
Доброволците треба утрово да дојдат до планинарската…
(Видео) „Коњи брзајте“ – „Комити“ возвратија на…
Навивачката група на Вардар, Комити брзо одговори…
Нова драма на повидок во Кремљ: Путин…
Владимир Путин има доверба во сè помал…
Британија: Украина може да го користи нашето…
Украинските сили можат да користат британско оружје…
Златан го понижи Леброн како никој досега:…
Златан Ибрахимовиќ и Леброн Џејмс се спортисти…