Пожар во близина на „Преслап“ после куќата на Планинарското друштво „Китка“
Регионалниот ЦУК Скопје, известува декана крајот од денот, конкретно во 16:15 часот преку Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи112 на крајот од денот, а пред почетокот на ноќта е добиена пријава за шумски пожар во близина на место викано „Преслап“ после куќата на Планинарското друштво „Китка“, над селото Палиград, а под месноста „Карпата“ на планината Китка. За ова веднаш се известени ЈП „Национални Шуми“- подружница „Караџица“, од каде што информираа дека реонскиот чувар ќе оди на лице место за проверка на истиот пожар, дали пожарот има големи размери или не. Инаку, се очекува ноќва ниските температури да го намалат пожарот или да се самоизгасне.
Инаку, околу 18.30 часот неколку велосипедисти кои преноќуваат во објект на планината Китка го пријавија истиот пожар при што дадоа и подетални информации и фотографија, а и за неговата поконкретна локација што придонесува за поголема информативна помош на подружницата „Караџица“ на ЈП „Национални шуми“. Според тие информации на локација на пожарот имало нискостеблеста сува вегетација.
ЦУК ја следи ситуацијата преку дежурните во Секторот Е 112 и во Секторот за операции и координација. Во утринската информација ќе има известувања со повеќе детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…