Пожар во болница во Москва
Пожар утринава избувна во објектот на Националниот истражувачки центар за хирургија Петровски во Москва и установата беше евакуирана, јавува агенцијата ТАС С, повикувајќи се на доверлив извор во Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација.
Во извештајот на руската новинска агенција, се наведува дека Националната служба за вонредни состојби потврдила дека пожарот избувнал на 11-ти кат, на површина од околу 60 метри квадратни.
Интервенцијата на пожарникарите е во тек –ѝ потврди изворот на ТАС С од Министерството за вонредни состојби, пренесува Тасс.
Се наведува дека се спасени вкупно 30 лица, а 10 од нив се евакуирани. Нема информации за жртви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…