Пожар во Вардариште – Аеродром и делови од Ново Лисиче без струја

t

Целата општина Аеродром и делови од Ново Лисиче вечерва останаа без електрична енергија. Жителите пријавуваат дека струја нема веќе повеќе од еден час.

Ситуацијата дополнително ја влошува голем пожар кој избувна во Ново Лисиче. Гори дивата депонија Вардариште.

Во моментот интервенираат 13 пожарникари со 5 ПП возила, а исклучени се далекуводите за Аердром и Лисиче заради пожарот.

„Поради дефект на 110кВ трафостаница ‘Аеродром’ моментално поголем дел од корисниците од Аеродром и Ново Лисиче, како и дел од корисниците од централното градско подрачје, се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш се упатија на лице место со цел санација на дефектот.“ велат од ЕВН за 24инфо

Линк од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар во Вардариште – Аеродром и делови…

Целата општина Аеродром и делови од Ново…

Студентите од Ниш утре на масовен протест…

Со протестот ќе се одбележат десет месеци…

Мицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна…

Континуираниот раст на индустриското производство е многу…

Еди Рама продолжува со рушење на дивоградбите…

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше со објава…