Објавено на:

Пожар во фабрика за пластика во Атина

t

Голем пожар избувна доцна синоќа во надворешниот дел на фабрика за пластика во индустриската зона во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а не е исклучена веројатноста, пожарот да бил предизвикан од удар на гром, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот утрово е со намален интензитет и делумно локализиран, иако брзо се прошири и во други делови од фабриката, а со оглед на тоа дека изгореа илјадници пластични цевки, се вршат мерења во воздухот за евентуално присуство на опасни честички.

Кратко пред полноќ, од специјалниот број 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на поширокиот регион да избегнуваат непотребни движења во областа каде што избувна пожарот и да останат во затворен простор

Заменик- префектот на регионот западна Атика Лефтерис Космопулос за грчката телевизија ЕРТ рече дека веројатно пожарот започнал од удар на гром, изгореле три магацини, а ситуацијата утрово е значително подобрена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Ханиоти: 16-годишно момче од Бугарија…

Голема трагедија го потресе Ханиоти, популарно одморалиште…

(Видео) Страшни пожари беснеат на грчкиот остров…

Вонредна состојба беше прогласена на третиот ден…

Жена од Македонија се удавила во Грција

Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…

Грција во иднина би можела да се…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…