Пожар во хотел во Италија: 40 лица хоспитализирани, семејство со бебе едвај се спасило

t

Голем пожар денеска избувна во хотелот Александар, кој се наоѓа во близина на италијанскиот град Падуа.

Поради труење со чад лекарска помош побарале 40 лица, додека 273 лица се евакуирани, јавуваат италијанските медиуми.

Пожарот избувнал на вториот кат од хотелот и набрзо се проширил на целата зграда, но сите гости биле успешно евакуирани, пренесува агенцијата Анса.

На местото на настанот пристигнале противпожарни бригади од неколку околни градови, кои брзо реагирале и го ставиле пожарот под контрола.

Сите лица се извлечени на безбедно, вклучително и тричлено семејство со бебе, кое остана заробено на шестиот кат. Тие биле спасени од пожарникарите со помош на специјална автомобилска скала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…

Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…

КФОР им додели медали на војници од…

Свечена церемонија за доделување медали на војници…

(ФОТО) Италија воодушевена од акцијата на припадник…

Италијанските карабинери објавија информации за херојскиот потфат…

Тага во Италија по смртта на папата:…

По веста за смртта на папата Франциско,…

Докторка од Италија која го лекувала штипјанецот…

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница…