Објавено на:

Пожар и експлозии во рафинерија за нафта во Русија по напад со дронов

t

Рафинерија за нафта во градот Кириши, недалеку од Санкт Петербург, беше нападната со беспилотни летала, соопштија руските власти и локалните медиуми.

Сведоците пријавиле силна експлозија и пожар во индустрискиот комплекс. Регионалниот гувернер, Александар Дрозденко, потврди дека нападот се случил и дека противвоздушната одбрана успеала да уништи седум дронови над Кириши. Тој додаде дека пожарот во индустриската зона е изгаснат.

Рафинеријата во Кириши, која се наоѓа на повеќе од 800 километри од границата со Украина, е една од најголемите во Русија и веќе беше цел на неколку напади во март и септември годинава, како и во март 2024 година.

Киев систематски ги засилува нападите врз руската нафтена и воено-индустриска инфраструктура, тврдејќи дека овие објекти се легитимни воени цели, бидејќи директно ја поддржуваат воената активност на Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар и експлозии во рафинерија за нафта…

Рафинерија за нафта во градот Кириши, недалеку…

Цените на становите поскапеа за над 25…

Продолжува растот на цените на становите во…

Пи Диди осуден на четири години и…

Американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс или познат…

Во ФЗОМ пристигнаа уште 15 претставки за…

Во Фондот за здравствено осигурување се пристигнати…

Денеска ќе се одржи 25. протестен „Марш…

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“…