Пожар кај граничниот премин Блаце, се бара воздушна поддршка

t

Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, гори сува трева и пожарот се движи кон шума.

Екипи од БППЗ на Град Скопје веќе се пристигнати на лице место. На лице место се и припадници на полицијата.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати барање за воздухопловна поддршка до МВР, по добиена пријава преку бројот за итни повици 112.

Градоначалникот на Општина Чучер Сандево пријави пожар на бројот за итни повици 112 над магистралниот пат Скопје – ГП Блаце, пред тунелот од десна страна. Пожарот се наоѓа на непристапен терен, поради што екипите на БППЗ не се во можност да интервенираат од копно.

Пожарот е со голем интензитет, а силниот ветер го разгорува и го насочува кон ридот, додека другиот крак се движи кон селата Блаце и Чучер.

ЦУК побара итна воздушна поддршка, а воздухопловот е во фаза на техничка подготовка и се очекува наскоро да полета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар кај граничниот премин Блаце, се бара…

Пожар на патот кон граничниот премин Блаце,…

Медиумите да не ги снимаат и да…

Првата група од 45 лица кои беа…

Лице од тетовско ограбено во скопски Петровец…

На  05.07.2025 година во 21.15 часот во…

Почина новинарката Валентина Базерко

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

ЕУ ќе прави залихи на клучни минерали…

Европската Унија планира да изгради залихи на…