Објавено на:

Пожар кај мостот „Близнак“ и кај Кванташки – зафатени се и куќи

t

Повеќе штети и пожари се пријавени попладнево во Центарот за управување со кризи откако Скопје беше зафатено од силни налети на ветар.

Добиена е пријава во врска со три покрива од магацинските објекти на фабрика „Славија“ лоцирани на улица „Жил Верн“ во скопската населба Кисела Вода за кои постои опасност да се откорнат. Во моментот нема материјални штети и нема повредени лица.

Бандера од ЕВН во Горно Лисичќе е многу навалена и се плашат да не падне.

Од паднато дрво блокиран е и третоарот, пред О.У „Георги Димитров“- ГУЦ.

Пријава за пожар кој се шири на потег Вардариште кон Кванташки Пазар, Скопје близу мост „Близнак“. Се наведува дека постои опасност и по околните објекти поради брзината со која се шири и поради силината на ветерот. Во моментот нема регистирани материјални штети или повредени лица.

Од 112 добиена е пријава за пожар кај кванташки пазар, огнот ги зафатил и куќите.

Паднати кабли кои искрат над куќа на улица Тодор Чангов во Општина Аеродром има и материјална штета.

Паднати дрвја и повлечени кабли има на булевар „АСНОМ3 и на улица „Васил Ѓоргов“ во Скопје

Во Петровец има падната бандера со кабли кои се под напон, но во моментот нема опасност од пожар, нема ниту пречки во сообраќајот, ниту повредени лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на…

Путин: Сериозно ја сфаќаме изјавата на Трамп…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека…

Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка,…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка…

Марина Димовска го помина комисискиот филтер за…

Членовите на собраниската Комисија за прашања на…

Трамп има убедливо водство пред Бајден во…

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп има значителна предност…