Пожар на отворено место во село Речане, Општина Гостивар: Гори сува трева и нискостеблеста шума
По добиена инфорамција од 112 за пожар во село Речане, Општина Гостивар стапено е во контакт со ТППЕ Тетово кои известуваат дека веќе една екипа од 3 пожарникара и едно ПП возило е упатено кон пожарот, информираат од ЦУК.

Првичните информации говорат дека гори висока сува трева, нискостеблесто дрво, но има зафатено и мал простор со висока шума. Веднаш по пријавата на пожар во атарот на селото Речане е стапено во контак со вработен во Ј.П. Национални Шуми Подружница Шара-Гостивар и од нивна страна сме известени дека на терен се наоѓа и нивна екипа и веќе пристапила кон гаснење на пожарот. Известени се и ЕЛС Гостивар, Рак на РЦУК Тетово, Раководителот на РЦУК Гостивар, Рак на ДЗС Гостивар како и ПС Гостивар.
Состојбата ќе се следи, велат од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 43-годишник од Гостиварско откако бил каснат…
МВР информира дека синоќа во 21.11 часот…
Драма кај Гостивар: Млада жена извлечена од…
Тежок сообраќаен инцидент се случи денеска на…
Деветгодишно дете тешко повредено откако го прегазиле…
Девојче на возраст од девет години од…
(Документи+видео) Судии, обвинители и извршители се намерачиле…
Кај нас има една изрека, „правдата е…
18 гостиварски судии тужеле оти погрешно им…
Во 2024 година бројот на тужби во…