Познати личности реагираат по трагедијата на мајката и детето: „Ако и ова помине во тишина – срам за сите“
Македонија сè уште е во шок по трагедијата во скопската населба Тафталиџе, во која мајка и нејзиното шестгодишно дете го загубија животот по пад од балкон. Настанот предизвика силни реакции во јавноста, а се огласија и повеќе јавни личности кои предупредија на сериозноста на семејното насилство и високата стапка на фемицид во државата.
Жанета Трајкоска
Млада мајка и девојче чиј живот уште не бил почнат и никогаш нема да почне.
Ако и овој случај помине така, во молк, а жената била жртва на семејно насилство и според некои медиуми, очевидци изјавиле дека се расправала со некого пред падот…ако и ова помине така – да ни е срам на сите до еден, на цела држава.
Доста е со оправдувања дека законот не дозволува повеќе – сменете го! Осудете насилници за промена на големи казни, заштитете ги жртвите!
Закони менувате за кој има интерес. За ова Македонија има интерес, сите ние!!
Лилјана Поповска
За ужасот во Тафталиџе: ДОСТА МУДРУВАЊА
“Доста со тоа семејно насилство, сегде го има…” Да, некаде по- малку, а кај нас МНОГУ ПОВЕЌЕ, во врвот сме со Балтичките земји, со кои само димензиите на државите и алкохолот ни се заеднички, онака на прва.
“Па еве, ги имаме сите закони…” Да, ама некој треба да ги спроведува……..
Ана Јовковска
Македонија се наоѓа на трето место во Европа по стапката на фемициди!!!
Бројките се однесуваат на убиства извршени од интимни или поранешни партнери, што ги квалификува како фемициди или најекстремната форма на родово базирано насилство!!!
Oд 2019 до 2023 година се евидентирани околу 20 случаи на фемицид. Повеќето од жртвите се убиени од раката на сегашни или поранешни партнери или сопружници и тоа најчесто во нивните домови!!!
Во 2025 година, само во првите три месеци се евидентирани 391 нова жртва, од кои 284 биле жени, а 54 деца (податоци на Министерството за труд и социјална политика)!!!
Вистинската бројка е многу поголема! Многу жени не пријавуваат насилство поради страв од насилникот или недоверба во системот!!!, пишува Јовковска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати личности реагираат по трагедијата на мајката…
Македонија сè уште е во шок по…
МНР ги повика македонските државјани заглавени во…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Макрон испрати моќна порака – единствениот носач…
Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека единствениот…
Хрватска испраќа четири авиони за Хрватите заглавени…
Хрватска испраќа четири авиони на „Кроација ерлајнс“…
Орбан во писмо до Фон дер Лајен:…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Украина…