Објавено на:

Познат идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка во Скопје

t

Возач и неговата сопатничка, двајцата од Скопје, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на крстосница од бул.„Никола Карев“ и бул.„8 Септември“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(47) од Скопје, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.

-Од здобиените повреди, возачот и неговата сопатничка А.Н.(32) од Скопје починале на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, велат од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се предадени во Судска медицина на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…