Покажаната помош по земјотресот дава надеж за понатамошно зближување и во дипломатските односи меѓу Турција и Ерменија
Турскиот и ерменскиот министер за надворешни работи изразија надеж дека нивното неодамнешно зближување со помошта по земјотресите во Турција ќе ја забрза планираната нормализација на дипломатските односи меѓу двете соседни земји.
– Ерменија ни подаде рака на пријателство во овој тежок момент, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на денешната заедничка прес-конференција со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан.
Додека Мирзојан наведе дека со неговата посета на Турција сака да ја потврди ерменската желба за повторно изградување на мир.
Чавушоглу и Мирзојан истакнаа дека нивните влади се подготвени целосно да ги обноват врските, вклучително и со отворање на границата. Но, не прецизираа датум.
Односите меѓу двата соседа се затегнати со децении поради голем број прашања, вклучително и судирите меѓу Ерменија и турскиот сојузник Азербејџан.
Минатата недела Турција го отвори граничен премин со Ерменија првпат по 30 години за да дозволи транспорт на помош за земјотресот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…
Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…
Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…
Голем пожар избувна во живинарска фарма во…
Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…
Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…
Размена на тешко ранети војници и можна…
На денешната средба помеѓу руската и украинската…