Покарј штрајкот, вработените во Управата за водење на матични книги утре излегуваат и на протест
Вработените во Управата за водење матични книги утре излегуваат на протест барајќи покачување на платите за 30% и уредување на работниот статус.
-Ве известуваме дека по повод штрајкот кој се одвива во управата за водење на матични книги, организиран од Независниот синдикат на управата утре 05.05.2022 година дополнително вработените од управата ќе оддржат протест од 15.00 часот до 17.00 часот пред министерството за правда каде ќе бидат блокирани улиците.
Во 16.00 часот пред министерството за правда ќе оддржиме и прес конференција на која ќе ги пренесеме нашите барања за која ќе ни биде чест доколку присуствувате и медиумски го покриете нашето излагање, стои во нивното соопштение до јавноста, велат од Управата за водење на матични книги.
Во Македонија има околу 500 вработени во Управата за водење на матичните книги, во рамките на Министерството за правда. Веќе пет дена не се издаваат изводи на родени, на умрени и на венчани, а се работи само на итните случаи. Тие се жалат дека дел од вработените земаат плата и под минималната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…
Протестен марш на семејствата на загинатите денеска…
Во сабота, 25 април со почеток од…
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…
Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…