Покондуреното „граЏанство“ и курчот на Стевчо Донев како илустрација за пропаднатиот правосуден систем

t

Веќе со години следам рочишта, особено оние кои се водат по обвиненија на поранешното СЈО чиј шеф во моментов се наоѓа во затвор поради рекет, а потоа и обвиненија кои ги отвараа обвинители кои произлегоа од тоа Специјално Јавно обвинителство, па се преселија во разни други обвинителства – главно Обвинителството за организиран криминал и корупција, ОЈО Скопје, Вишите јавни обвинителства.
И речиси и да нема рочиште на кое освен правните аргументи, се користат и политичките. Во најголем дел од процесите, а особено оние кои се против бивши владини функционери, очигледна е непрофесионалноста – во процесните постапки, во изведувањето докази, аргументирањето на обвинението. Најчесто наместо аргументи базирани на доказниот материјал, овие обвинители се темелат на политички мотиви кои потоа се валоризираат во зголемена употребна вредност на обвинителите од страна на политичарите па биваат унапредени на поважни функции од каде генерираат уште поголем долг кон нивните политички спонзори.

„Тендер“
Како и да е, пред некој ден, поточно во петокот го следев последното рочиште пред завршни зборови во процесот „Тендер“ во кој обвинети се три жени – Елизабета Канчевска-Милевска во својство на одговорно лице како министер во министерството за култура, Лидија Лазарова-Цветковска и Јулијана Угриновска како лица кои овозможиле, според обвинителот, извршување на кривично дело.

Обвинението го застапува Стевчо Донев, обвинител од рекетарското СЈО кој од неодамна доби унапредување во Вишото Јавно обвинителство во Штип.

Судија во оваа постапка е судијата Осман Шабани, кој го превзема раководењето со овој процес по смртта на судијата Огнен Ставрев. Постапката беше вратена од почеток, а во на веќе е закажано рочиште за завршни зборови на 7.април.

Според обвинението на тогашното СЈО, Елизабета Канчевска-Милевска заедно со другите две обвинети Лидија Лазарова-Цветковска и Јулијана Угриновска наводно фаворизирале изведувач за изведување на завршни и градежно-занаетчиски работи на Музејот на ВМРО-ДПМНЕ.

Значи, да нема забуни, овие три фаворизирале фирма за изведување на партерното уредување околу музејот, изградба на жардињери и пристапни рампи за инвалиди.

Според обвинителниот акт, трите обвинети го извршиле делото на начин што Елизабета Канчевска-Милевска во телефонски разговор му рекла на Илија Бреслиски инаку генерален директор на Бетон Штип да работи, иако во обвинението се вели дека овој разговор се однесувал на договор кој претходно веќе бил склучен и се работело по истиот.

Простотилак и неписменост

Имало деситици, ако не и стотици рочишта на кои сум присуствувал и сум ги следел постапките, но верувајте, погнасна атмосфера немам почувствувано во ниедна друга судница. И, не затоа што судницата не била проветрена или не била исчистена – напротив.

Мачната атмосфера се должеше на обвинителот Стевчо Донев. И да се изразам со слободен речник – неписмен, а курчевит.

Јас не знам како станал виш јавен обвинител, но ако при изборот се воделе од некаква оценка на етичкиот и моралниот капацитет на обвинителот, тогаш овој најверојатно би бил затворски чувар, и во никој случај обвинител.
Како тоа на обвинител му е дозволено да се расправа со обвинети надвор од ЗКП, или пак да дофрла од место на сведоци и вешти лица. Да гледа на криво, да се заканува на обвинети и да навредува сведоци и за тоа да нема никаква санкција од страна на судот?

Каква повластена позиција има обвинителот и зошто? Бидејќи согласно закон, обвинителот е само една странка во процесот и тоа со товар да го докаже обвинението.

Ваква судница сум видел на документарни емисии за судовите во Авганистан под Талибанска власт, и никогаш не сум очекувал дека ќе доживеам да видам и тука. Мизерно.

Небулози

Но да се вратам на суштината.

Ако го прочитате обвинителниот акт на Стевчо Донев, во еден дел од обвинението се вели дека Елизабета Канчевска-Милевска во телефонски разговор со генералниот директор на ГП Бетон Штип Илија Бреслиски му рекла „работи побрзо“. Врз основа на ова, Донев решил да отвори истрага и да формира обвинителен акт. Притоа, и самиот во текот на истрагата констатирал дека разговорот не се однесува на предметот за што тој води истрага, туку се однесува на претходна работа која Бетон Штип ја работел согласно договор добиен на тендер, а не ја работел, па Донев констатира дека Бетон Штип веќе работел на објектот по друг договор.

Е сега, проблемот бил што Бетон Штип добил и друг тендер за изградба на жардињери, пристапна рампа и партерно уредување на Музејот на ВМРО, па тоа го врзал со муабетот на Елизабета Канчевска-Милевска која на телефон му рекла на Бреслиски – „работи побрзо“, и констатирал дека на овој начин таа го наместила тендерот.

Да биде појасно, според обвинителот, Канчевска-Милевска му рекла на Бреслиски од Бетон Штип да почне да работи, а потоа тој и добил тендер.

Е сега каде е заебот.

Во телефонскиот разговор Елизабета Канчевска-Милевска се расправа со Илија Бреслиски од ГП Бетон Штип побрзо да си ја сработи договорената обврска за изградба на Музејот на ВМРО. Значи човекот каснел со работата која ја добил две години претходно и не ја довршил.

Во меѓувреме се распишува нов тендер за изградба на жардињери и пристапна рампа пред музејот. На тендерот кој има три општи услови со цел да се поттикне конкуренција во понудите се јавуваат четири компании. Од сите четири компании кои се пријавиле, само една одлучила да поднесе понуда – ГП Бетон Штип. Бидејќи законот не дозволува поништување на тендерот дури и во случај ако има една понуда, истата е прифатена и почнато е да се работи.

Значи, помеѓу муабетот „работи побрзо“ до тендерот и склучениот договор, и фактичкото работење на терен поминуваат неколку месеци.

Стевчо Донев тврди дека Бетон Штип почнале да работат пред да го добијат тендерот – арно ама, буџетот сепак не бил оштетен.

Три вештачења, од кои едно на обвинителството, едно на одбраната и едно супервештачење докажуваат дека Стевчо Донев нема докази.

И наместо да се откаже од обвинение уште и курч.

Да видиме што вели Супервештачењето:

„… нема позиции кои се наплатени со прва времена ситуација од Август 2011 според договорот со бр.48-7691/12 од 04.08.2011 година склучен помеѓу ГТД Бетон Штип и Министерството за култура пред 18.08.2011 год. кога е извршен и воведот во работа со запис на надозорниот инженер во градежниот дневник, а да се изработени пред воведувањето во работа или според одговорот од 04.08.2011 год.“

Значи, договорот бил склучен на 04.08.2011 година, воведувањето во работа (започнувањето со работење на терен) било 14 дена по склучувањето на договорот. Потоа се почнало со градба. Значи немало претходно работење, фаворизирање фирми, местење тендери…се тоа е во доменот на правење филмови за поширока јавност и политички маркетинг.

Прашањето е, зошто вакво неправо се дозволува? Зошто се дозволува да се малтретираат луѓе по судови? Зошто судот дозволува ваков еклатантен волунтаризам со животи на луѓе кои иако се обвинети, се невини додека обвинителот на докаже дека навистина се.

Зошто судот дозволува да се става во функција на агрегат на политички маркетинг и сензационални вести и наслови на полу-писмени „новинари“ и НВО активисти?

На крајот, зошто судот дозволува и поттикнува неефинасно судење? Зошто стотици рочишта? Нормален судија, правник од 2-ра година на факултет би го отфрлил уште при оценка на обвинение, а не да започне процес. Па имајќи во предвид дека не е причинета никаква штета во буџет при постапката која е предмет на обвинителен акт, во овој момент токму судот прави штета по буџетот.

Не се чудете потоа кога ќе ги видите резултатите од довербата во судот.

Се додека судството и обвинителството го води покондуреното и полуписмено „граЏанство“, довербата кај граѓаните ќе биде помала од 2%.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројцата инженери од Македонија уапсени под обвинение…

Во Вишото јавно обвинителство во Ваљево денеска…

Обвинителството ја проверува и отфрлената претставка за…

Меѓу списите кои ги проверува обвинителството во…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…