Пола Македонија живее со зголемена телесна тежина

t

Македонија е земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот, како резултат на високиот степен на сите ризик фактори кои го предизвикуваат, како што се дебелината, лошите навики во исхраната и намалената физичка активност, посочи претседателката на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, Татјана Миленковиќ, на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември.

Миленковиќ посочи дека скоро 50 отсто од популацијата во земјава живее со зголемена телесна тежина, додека повеќе од 50 отсто се пушачи со лоши навики во исхраната и намалена физичка активност.

-Дијабетесот како една од незаразните болести претставува вистинска пандемија, како во светот, така и кај нас. Во Македонија, за жал, ние сме земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот, заради тоа што ги имаме сите ризик фактори кои го предизвикуваат дијабетесот, а тоа е дебелината. Кај нас скоро 50 отсто од популацијата живее со зголемена телесна тежина, односно со дебелина, повеќе од 50 отсто пушат и имаат лоши навики во исхрана и уште полоши за физичка активност, посочи Миленковиќ.

Загрижувачки е, додаде, што младата популација во годините што доаѓаат ќе развијат дијабетес, поради што живее со обезност. Оваа генерацијата, вели Миленковиќ, ќе има понизок животен век од нивните родители, како резултат на незаразните болести кои што се главна причина за смрт во светот.

-Загрижувачки е што младата популација е таа која живее со обезност и која што во годините што доаѓаат, ќе развијат секако дијабетес и не само дијабетес, туку и болести кои што се придружни на дијабетесот, а од кои што умира светската и нашата популација. Тоа се кардиоваскуларните болести, затоа што сите заедно ги делат истите ризик фактори. Значи, нашата општествена улога, како доктори, е да се трудиме да се вратат здравите навики во исхраната, да се конзумира здрава храна, да се прекине со пушење, да се зголеми физичката активност, за да можеме да направиме популација која што ќе ги надживее родителите. Се смета дека оваа генерација ќе има понизок животен век од нивните родители, поради овие незаразни болести коишто се главна причина за смрт во светот, рече Миленковиќ.

Министерот за здравство Таравари, пак, во своето обраќање истакна дека Министерството овозможува набавка на најсовремена инсулинска терапија и обезбедува систем за континуирано мерење на гликемијата, со кој се овозможува поквалитетен живот на децата со дијабет.

-Во таа насока овозможуваме набавка на најсовремена инсулинска терапија, која обезбедува индивидуализиран пристап за потребите на секој пациент, како и имплементација на инсулинските пумпи онаму каде што е индицирано. Посебно сакам да го истакнам и обезбедувањето на системот за континуирано мерење на гликемијата, со кој се овозможува подобар квалитет на секојдневното живеење на децата со дијабет. Со најновата двегодишна набавка обезбедивме 650 сензори во соработка со Клиниката за детски болести отворен е едукативен центар, во склоп на Клиниката каде изминатиот период се одвиваше едукација за поставување на сензорите кај децата и адолесценти, рече Таравари.

Нашата држава, додаде, спаѓа во земји со низок ризик за појава на детски дијабетес, во однос на другите европски земји, но сепак, како што рече, бројот е со постојана тендеција за пораст во последните години.

-Покрај тоа што нашата држава спаѓа во земјите со низок ризик за појава на детски дијабетес, во однос на другите европски земји, сепак оваа бројка е со постојана тенденција за пораст во последните години. Дијабетес тип 1, за жал, го погодува највулнерабилниот дел од популацијата, децата и младите, а третманот опфаќа повеќе аспекти, да се промовира висок квалитет на живот, нормален раст и развој на децата со дијабетес, посочи Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пола Македонија живее со зголемена телесна тежина

Македонија е земја со една од најголемите…

Антитерористички специјалци на улиците на Париз пред…

Шефот на париската полиција Лоран Нуњез вели…

Германските автомобилски брендови би можело да се…

Германските автомобилски брендови би можело да се…

Поранешен кинески функционер осуден на смрт поради…

Поранешен функционер во Кина е осуден на…

Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно…

Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно…