„Политико“: Бугарија би можела да му се придружи на Орбан во блокадата на Украина, за да го зачува ветото кон Македонија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел да најде поддршка од повеќе земји во обидот да ја задржи блокадата за членството на Украина во Европската унија, пишува „Политико“.
Иако формално дел од европските лидери остро се спротивставуваат на Орбан поради неговата близина со Москва и антагонизмот кон Киев, други гледаат во ова можност да го одбранат своето право на вето во процесот на проширување на Унијата.
Како што наведува „Политико“, Бугарија сака да го задржи правото да го блокира членството на Северна Македонија, а слични позиции имаат и други земји – Грција кон Турција, а Хрватска кон Србија.
„Очигледно Унгарците ги блокираат Украинците. Но, тоа не е сè. Бугарите сакаат да можат да ги блокираат Македонците, Хрватите сакаат да ги контролираат Србите, Грција и Кипар не сакаат Турција да се приближи кон ЕУ, а Грција сака да има око и врз Албанија,“ изјавил европски дипломат за „Политико“.
Зад затворени врати, дел од европските лидери го користат Орбан како „параван“ за сопствените национални интереси, додека јавно ја осудуваат неговата блокада кон Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Политико“: Бугарија би можела да му се…
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел…
Пациенти со канцер купуваат хемо од странство,…
Пациенти кои се лечат од канцер на…
Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски…
Бидејќи премиерот Мицкоски дури и на митинзи…
Во август забележа годишен пад за 2,6%…
Бројот на работниците во индустријата во периодот…
Маск ја лансира Грокипедиа – конкурент на…
Елон Маск, основач на компанијата xAI и…