Објавено на:

Политико: Истрага во Европол!

t

Обвинителите на Европската унија го истражуваат Европол, полициската агенција на ЕУ, во врска со назначувањето на висок функционер и покрај поплаките дека нема искуство, објави Политико, цитирајќи две неименувани лица.

Според него, на високите менаџери им било кажано дека заменик-директорот на Европол Андреј Линта немал 15-годишно искуство што се бара според правото на ЕУ.

Линта, од Романија, беше назначена во август 2023 година за раководител на Дирекцијата за способности, која вклучува одговорност за информатичка технологија и администрација.

Според документите што ги видел Политко, службеник за човечки ресурси ѝ рекол на извршната директорка на Европол, Кетрин Де Бол и на одборот на директори на Европол во март 2023 година дека Линта немал минимум 15 години професионално искуство од денот кога ја добил својата универзитетска диплома, што предвидени во огласот за вработување.

Неколку дена подоцна, Линта доставил втор сертификат од романската полиција во кој бил искористен датумот кога ги завршил студиите, кои се случиле пред датумот на дипломирање и му дозволувале да покаже дека ги има потребните години искуство, покажуваат документите, рече еден од изворите.

Официјален претставник на Европол се пожали на инцидентот до канцеларијата за борба против измами на ЕУ (ОЛАФ) пред Линта да биде назначен на оваа функција во август минатата година.

Според Европол, ОЛАФ го отфрлила случајот поради недостиг на докази.

Истата личност изјави за Политико дека Линта требало да биде исклучена од процесот на селекција и дека одлуката на Европол да продолжи со неговата кандидатура ги прекршува правилата на ЕУ, го нарушува угледот на агенцијата и ја изложува на ризик да се соочи со обвиненија за измама поради слабото трошење на буџетот У.

Истото лице го контактирало Омбудсманот на ЕУ за да ја истражи истрагата на ОЛАФ.

Европол во својот одговор до омбудсманот на ЕУ, до кој Политико имал пристап, наведува дека Де Бол рекол дека датумот на доделување на универзитетската диплома „не е релевантен“, имајќи предвид дека датумот на сертификатот издаден од романската полиција предвидува 15 години на искуство.

Портпаролот на Европол за Политко изјави дека агенцијата не е запознаена со истрагата на Европското јавно обвинителство, ниту пак била контактирана од него.

„Откако ОЛАФ ги отфрли обвинувањата, Европол рече дека наводите се лажни“, рече портпаролот, додавајќи дека нема причина да се преиспита процедурата за регрутирање.

Линта одби да ги коментира овие наводи, како и Европското јавно обвинителство.

Европол, инаку, има намера да го удвои својот персонал и да добие посилен мандат откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази желба полицијата да работи низ Европа без граници, пренесува РТ Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Политико: Истрага во Европол!

Обвинителите на Европската унија го истражуваат Европол,…

Политико: Австрија го поддржува предлогот да се…

Австриските власти го поддржаа предлогот на Белгија…

Политико: Лоши прогнози за Фон дер Лајен

Актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон…

Шолц ветува дека ЕУ ќе застане позади…

Германскиот канцелар Олаф Шолц во вети дека…

Европол разби руско-евроазиски синџир за перење пари…

Претресени се околу 100 згради, а четири…