„Политико“: Кај 16 еврокомесари најдени неуништливи хемикалии во крвта
Еколошките невладини организации идентификуваа токсични „вечни хемикалии“ во крвта на највисоките претставници на Европската унија.
Ова е направено како дел од кампањата за воведување европска забрана за хемикалии и покрај силното противење на индустријата, пренесува „Политико“.
Секој од 16-те политичари и јавни личности кои учествуваа во истрагата, вклучително и извршниот потпретседател на Европската комисија за дигитален развој и комесар за конкуренција Маргрет Вестагер, поранешен извршен потпретседател на Европската комисија за зелен план и комесар за заштита на климата, Франс Тајмерманс и европскиот комесар за животна средина Вирџинијус Синкевичиус, имал најмалку седум видови токсични PFAS (перфлуорирани и полифлуорирани алкилирани супстанции) хемикалии во неговата крв.
Во пет случаи, количината „го надминала применливиот безбедносен праг“ за тие хемикалии, пренесува медиумот.
Хемикалиите PFAS, кои се користат во секојдневните предмети како што се нелепливи тави и во производството на полупроводници и батерии, се поврзани со низа сериозни болести, вклучувајќи рак и неплодност.
Тие се познати и како „вечни хемикалии“ бидејќи не се разградуваат природно во околината, а се пронајдени во примероци од дождовница, почва и мајчино млеко.
„Она што го научив од ова е дека можете сами да правите многу работи, но тоа не е доволно“, изјави Маргрет Вестагер за „Политико“, додавајќи дека 30 години се обидува да ги избегне токсичните хемикалии во козметиката.
Хемикалиите PFAS ги има речиси насекаде.
„Граѓаните мора да бидат заштитени од вечните хемикалии“, рече Тимерманс, кој ја напушти функцијата во Брисел и се врати на националната политика во Холандија. Мораме да престанеме со секакво фрлање на ова легализирано ѓубре“, додаде тој.
Тестовите на крвта, спроведени од Европската агенција за животна средина (EEB) и „ChemSec“, се дел од кампањата за подигање на свеста предводена од невладината организација, бидејќи ЕУ размислува за потенцијална забрана за хемикалијата.
Европската комисија вети дека постепено ќе ги забрани хемикалиите PFAS поради нивното влијание врз животната средина и здравјето, освен во случаи кога ќе се покажат како незаменливи и „неопходни“ за општеството.
Но, предлогот на пет европски земји да ги забранат, предизвика голем отпор кај голем број сектори кои во моментов зависат од нив, со предупредувања дека новите мерки ќе и наштетат на европската конкурентност. Тоа е долг процес за постепено отстранување на хемикалиите PFAS.
Комисиите на Европската агенција за хемикалии мора прво да го изнесат своето мислење за предлогот за забрана до Комисијата, а за тоа не е дефиниран рок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведено едно…
На 08.04.2024 во 23.30 часот во Охрид,…
Полицијата пронајде и одзема 100 таблети екстази,…
На 16.03.2024 во 21.00 часот на улица…
Претрес во Велес: Пронајдена дрога кај 63-годишен…
Полицијата вчера привела шеесет и тригодишен велешанец…
„Политико“: Кај 16 еврокомесари најдени неуништливи хемикалии…
Еколошките невладини организации идентификуваа токсични „вечни хемикалии“…
Во Албанија уапсени повеќе од 200 луѓе…
Акцијата е изведена во текот на ноќта…