Политички маргиналци даваат идеи за заедници на албански општини: Тоа нема да се случи, на Брисел и Вашингтон им е смачено од вакви идеи

t

Постојат структури, на кои и човеков што ја пееше албанската химна во Собранието, тоа се маргиналци како и Џамбаски кои се обидуваат да соберат поени плус, вели во гостувањето во Само вистина Филип Петровски во врска со идејата за создавање на албански општини во Македонија.

– Можеби во позадина има и некаков договор, да се бара поместување кон некоја федерација во Македонија, но мислам дека е тоа завршено прашање, Брисел и Вашингтон имаат јасни позиции по тоа, Македонија е држава во која малцинствата имаат добиено буквално се.

Мислам дека и грешка прават ако продолжат со сето ова бидејќи на странците им е смачено од овие приказни. Ова е помодарство, мора да трчаат да се натпреваруваат кој ќе каже поголема албанска идеја за да може да влезат во Собрание или да земат пратеник плус, смета Петровски.

Според Богоев можно е овие структури да работат и да помагаат и на туѓи држави, поточно на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ