Полицаецот кој го пуштил Груби да избега направил „кардинална грешка“, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостување на ТВ21 се осврна на случајот со полицаецот од граничниот премин „Блаце“, кој не го проверил поранешниот вицепремиер Артан Груби и го пуштил непречено да избега од државата.
„Одделот за внатрешна контрола утврди дека направена е кардинална грешка од полицискиот службеник којшто требало да го запре, да го легитимира, да извести и да постапи по мерки од неговиот надреден во насока на напаствијата коишто ги дало Јавното обвинителство“, рече Тошковски.
Тој повтори дека е поднесена кривична пријава против полицаецот кој дозволил поранешниот вицемпремиер да се случи ова.
„Поднесена е кривична, постапено е од страна на Министерството, не е крив пајакот, како на времето“, додаде Тошковски.
Во однос на камерите на граничниот премин, Тошковски вели дека тоа било „само обид за дефокус од страна на опозицијата“.
„Точно е дека „боди“-камерата на полицискиот службеник не работела и точно е дека отпочната е дисциплинска постапка во однос на надредениот којшто требало да се грижи оваа камера да работи, но точно е и дека од излезот на лицето коешто требало да биде на „стоп-листа“, а не било стопирано, имаме видеозапис и тоа чист“, рече тој.
Министерот рече дека борбата на актуелната власт против криминалот и корупцијата е видлива.
-Сите коишто живеат во Македонија, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и сите други коишто убаво, да речам се убави луѓе, си живеат во оваа Македонија и најголем дел, огромно мнозинство од тие луѓе се чесни луѓе, сакаат ред да има. Гледаат дека има разлика од претходно, тоа е битно. Битно е дека навистина нашата борба против криминалот и корупцијата е видлива, рече Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…
Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…
Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…