Полицаец во Бугарија го yбил зетот за време на ноќен лов
Трагедија во село Колобар, Бугарија. Полициски инспектор смртно го застрелал својот зет за време на ноќен лов во Државната фарма за дивеч Каракуз.
24-годишниот маж кој бил застрелан таму работел како шумски чувар.
Двајцата имале дозвола за лов на ситен дивеч, прецизираше Окружното обвинителство во Силистра.
Истрелот бил испукан со ловечка пушка во легална сопственост. На инцидентот имало и сведоци кои биле сослушани.
47-годишниот полицаец ќе одговара за предизвикување смрт од невнимание. Казната во вакви случаи е од 1 до 6 години затвор, пишува БНТ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец во Бугарија го yбил зетот за…
Трагедија во село Колобар, Бугарија. Полициски инспектор…
Турист се удави на плажа во Бугарија
Србин се удави на море во туристичкото…
Бугарија богато ќе ги награди освојувачите на…
Владата во Софија на денешната седница донесе…
„Фајненшл тајмс“: Русија може да изврши нуклеарен…
Русија ја обучила својата морнарица да насочува…
Советот на Европа ја повикува Бугарија да…
Комесарот за човекови права на Советот на…