Полицаец му помогнал на колега да ја смени урината на уапсениот син – Внатрешна контрола поднесе кривична
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (Специјализирано одделение). Пријавата е поднесена против Ф.Н., полициски службеник во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“ (член 368-а став 8 од КЗ).
Според пријавата, инцидентот се случил на 4 октомври 2025 година. Пријавениот Ф.Н., како дежурен криминалистички техничар, преземал службени дејствија во случај во кој две лица биле уапсени поради сомневање за трговија со дрога (член 215).
Во тој момент, Ф.Н. му овозможил на друг полициски службеник, О.С., кој тој ден не бил на работа, да се вмеша во целата постапка. Причината за ова била тоа што полицаецот О.С. е татко на еден од уапсените, И.С..
Внатрешната контрола утврдила дека Ф.Н. му дозволил на својот колега (таткото на уапсениот):
Да има целосен увид во службената документација.
Да располага со документацијата и да ја пренесува од една во друга просторија.
Да ги придружува уапсените лица во постапката за прибирање на биолошки траги.
Да земе примероци од урина од истите.
Пресврт по вештачењето
Клучен доказ во истрагата било вештачењето на примероците од урина. Било потврдено дека примерокот од урина што наводно бил земен од уапсениот И.С. всушност бил урина дадена од неговиот татко, полицискиот службеник О.С..
Со овие дејствија, според Внатрешна контрола, пријавениот Ф.Н. имал намера да ги уништи доказите и да го спречи и отежне докажувањето во кривичната постапка.
Одделот за внатрешна контрола, покрај кривичната пријава, најави дека против Ф.Н. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и веќе му е изречена задолжителна мерка отстранување од работното место – суспензија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец му помогнал на колега да ја…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Поранешниот пратеник и министер му ветил на…
Поранешниот пратеник и министер Џевдет Насуфи му…
Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе…
Од понедлник 55 приватни автобуси ќе сообраќаат…
Владата ќе именува повереници во Гостивар, Маврово,…
Владата ќе именува повереници кои привремено ќе…
Гермaнија формира тимови за брз одговор против…
Германската војска формира тимови за брза реакција…