Полицаец пукал на семејна веселба во својот двор, заработи кривична пријава
– Денеска по претходно добиени информации дека полициски службеник, вработен во Полициското одделение Петровец при СВР Скопје, извршил кривично дело “предизвикување општа опасност”, предвидено и казниво по член 288 од КЗ, пукајќи на веселба во дворот од својот дом, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и СВР Скопје – Единица за насилен криминал и Единица за интервентна полиција, по претходно издадена наредба за претрес на дом од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд, извршен е претрес во домот на полицискиот службеник В. И. во с. Синѓелиќ, скопско.
-При претресот е пронајдена пушката “хуглу” модел ХР 7 (користена при кривичното дело) и пиштол за светлосно звучна сигнализација “екол”, кои ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје, информира МВР.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а В.И. е лишен од слобода.
По насоки од јавен обвинител, против В.И. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…
Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…
Полицаец се ранил додека го чистел пиштолот
На 23.11.2023 во 10.30 часот во СВР…
Полицаец нападнат од две лица, имале и…
На 26.05.2023 во 08:20 часот на подрачјето…
Страшно: 18 годишен гостиварец се обидел да…
На 22.10.2022 во 01.50 часот во Гостивар,…
21-годишна девојка физички нападнала полицаец во Скопје
На 01.10.2022 околу 24 часот пред угостителски објект на…